Уставниот суд денеска ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Македонија“ бр. 154/2025) поради исцрпеност на одредбата во нејзината примена.
Судот оцени дека оспорената одредба има времен карактер, односно дека се однесува на точно определен период, по чиј истек престанала нејзината примена.
Поради ова, постои процесна пречка за Судот мериторно да одлучува и согласно член 38 алинеја 3 од Актот на Уставниот суд, исполнети се условите за отфрлање на иницијативата.




