УСТАВЕН СУД: Стопирани уредбите за намалување на платите на функционерите, судиите и обвинителите, но и за исплата на вработените од СЈО

/ 28.04.2020

Уставниот суд ќе ја преиспитува уставноста и законитоста на три владини Уредби со законска сила донесени во вонредната состојба.

Станува збор за Уредбата за ограничување на исплатата на додатоците и надоместоците на плата во јавниот сектор на Уредбата за висината на платите на избраните функционери и за исплата на неисплатените плати на вработените во СЈО.

Засега нема информации дали платите на вработени од СЈО се веќе исплатени, па ова стопирање е беспредметно.

Уставниот суд донесе времена мерка од член 27. став 1. со што се стопираат овие владини Уредби.Од друга страна со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за Уредбите за примена на  законот за буџетите, законот за работни односи и законот за вработените во јавниот сектор.


Од истата категорија