УТРЕ Е СВЕТИ НИКОЛА: Светецот што ги штити децата, сиромашните и неправедно осудените, а освен христијаните го слават и муслимани

/ 18.12.2024

Утре пра­вос­лав­ни­те хрис­ти­ја­ни во Ма­ке­до­ни­ја го слават Све­ти Ни­ко­ла Чу­дот­во­рец, еден од најпочитуваните светци.

Св. Никола, кој на 19 декември се празнува и е познат како зимен, е заш­тит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите, ап­те­ка­рите, тр­гов­ците, пат­ни­ците… Го сла­ват христијаните, и пра­вос­лав­ни­те и ка­то­ли­ците, како и дел од мус­ли­ма­ните, осо­бе­но во Тур­ција.

Во Ма­ке­до­ни­ја и во све­тот има илјадници цр­кви, ма­нас­тири, ико­ни и фрески, кои се по­све­те­ни на овој све­тец. Мно­гу ма­ке­дон­ски се­меј­ства утре со бо­га­та посна трпе­за на ко­ја пре­ов­ла­ду­ва­ат ри­ба­та и посни­те сар­ми ќе го просла­ват праз­ни­кот. Св. Ни­ко­ла е еден од нај­са­ка­ни­те хрис­ти­јан­ски светци.

Детство во нестабилно време и голема епидемија

Овој све­тец имал мно­гу воз­буд­ли­ва жи­вот­на при­казна, ко­ја со ве­ко­ви ги фас­ци­ни­ра хрис­ти­ја­ните. Ро­ден во ма­ло­а­зис­ки­от град Па­тара, прис­та­ниш­те на ме­ди­те­ран­ски­от брег на де­неш­на Тур­ција, све­ти Ни­ко­ла жи­ве­ел во 4 век, мно­гу пред рас­ко­лот по­ме­ѓу пра­вос­лав­на­та и ка­то­лич­ка­та цр­ква од 1054 го­дина.

Не­го­ви­те бо­га­ти ро­ди­те­ли Те­о­фан и Нина, си­нот Ни­ко­ла го до­би­ле во вре­ме на вла­де­е­ње­то на рим­ски­от цар Ва­ле­ри­јан (253 – 260 го­дина), ал­чен чо­век што по­ра­ди страс­та за зла­то­то ор­га­ни­зи­рал во­ен по­ход на Пер­сис­ко­то цар­ство. Пер­сис­ки­от крал Ша­пур го за­ро­бил во бит­ка­та кај Едеса, го по­ни­жу­вал во за­лож­ниш­тво­то и, на кра­јот, го убил си­пај­ќи му ис­то­пе­но зла­то низ гр­лото, ка­ко сим­бол на не­го­ва­та алчност.

Би­деј­ќи Ва­ле­ри­јан бил прв (и ос­та­нал единствен) рим­ски цар што е за­ро­бен во борба, не­го­во­то за­лож­ниш­тво и смрт пре­диз­ви­ка­ле бран нес­та­бил­ност во Рим­ска­та им­пе­рија.

Во так­во нес­та­бил­но оп­кру­жу­ва­ње рас­тел мла­ди­от Ни­кола. Ко­га не­го­ви­те ро­ди­те­ли ум­ре­ле во го­ле­ма­та епи­де­мија, Ни­ко­ла го раз­де­лил це­ло­то нас­ле­де­но бо­гат­ство. Уште ка­ко де­те се ис­так­ну­вал со доб­ро вос­пи­та­ние по­ра­ди што ста­нал оми­лен и пред Бо­га и пред лу­ѓето. Го од­гле­ду­вал чич­кото, ар­хи­е­пис­ко­пот Па­таре, под чие буд­но око Ни­ко­ла нап­ре­ду­вал во цр­кве­на­та хи­е­рар­хија. По смрт­та на чич­ко му, Ни­ко­ла е из­бран за ар­хи­е­пис­коп мир­ли­киј­ски. Бил и еден од ар­хи­е­пис­ко­пи­те што се по­ви­ка­ни пред ца­рот Кон­стан­тин на са­бо­рот во Ни­ке­ја во 325 го­дина.

Све­ти Ни­ко­ла ум­рел на 19 де­кем­ври 343 го­дина. Пог­ре­бан е во со­бор­на­та цр­ква Мир­ли­киј­ска мит­ро­по­лија, а кон кра­јот на 11 век не­го­ви­те мош­ти се пре­не­се­ни во Бари, во ма­нас­ти­рот Све­ти Јо­ван Пре­теча.

Од све­ти Ни­ко­ла до Де­до Мраз

По цр­ве­ни­от плашт и бе­ла­та бра­да пот­се­ту­ва на де­нес мо­дер­ни­от при­каз на Де­до Мраз. Во по­но­во време, бла­го­да­ре­ние на рек­ла­ми­те и пот­ро­шу­вач­ко­то оп­штес­тво, нај­поз­нат е ка­ко Де­до Мраз (Сан­та Клаус, скра­те­но од Сан­та Ни­ко­ла­ус – Све­ти Ни­кола).

До­де­ка на пра­вос­лав­ни­те ико­ни е при­ка­жан ка­ко ви­сок чо­век во препоз­нат­лив цр­вен плашт, со епис­коп­ска мит­ра на гла­ва­та и со стап во рацете, ка­ко ги да­ру­ва де­ца­та со по­да­ро­ци од вре­ќата, пот­ро­шу­вач­ко­то оп­штес­тво тоа мал­ку го „за­чи­нило“. Црве­ни­от плашт ос­та­нал, ка­ко и дол­га­та се­да брада, но се до­да­де­ни ирва­си­те што ги вле­чат сан­ки­те со кои Де­до Мраз го оби­ко­лу­ва све­тот во те­кот на Бад­ни­ко­ва­та ве­чер.

Вер­ски­те ана­ли­ти­ча­ри пот­се­ту­ва­ат де­ка све­ти Ни­ко­ла е нај­ран све­тец и е сла­вен во це­ла Ев­ропа, без мно­гу пов­рза­ност со сов­ре­ме­ни­от Де­до Мраз, ис­так­ну­вај­ќи де­ка де­неш­ни­от Де­до Мраз е не­ре­ли­гис­ка и нех­рис­ти­јан­ска ко­пи­ја на Све­ти Ни­кола, но де­ца­та се­ед­но му се ра­ду­ваат.

При­чи­на­та за не­го­ва­та по­пу­лар­ност тре­ба да се ба­ра во са­ма­та лич­ност на Све­ти Ни­кола, кој це­ло­то бо­гат­ство нас­ле­де­но од ро­ди­те­ли­те го раз­де­лил на си­ро­маш­ните, ста­ри­те и на не­моќ­ните. Со ед­на бов­ча тр­гнал на пат со вер­ба во Гос­под, па се сме­та за чу­дот­во­рец. Во жел­ба да ос­та­не ано­ни­мен, па­ри­те не им ги да­вал на лу­ѓе­то в раце, ту­ку им ги ста­вал в џеб за да се из­не­на­дат ко­га ќе ги нај­дат. Ток­му по­ра­ди не­го­во­то доб­рот­вор­ство про­из­лег­ла ле­ген­да­та за Сан­та Клаус, од­нос­но за Де­до Мраз, кој спроти Бо­жик би им ос­та­вал по­да­ро­ци на де­ца­та во чо­рап пред ог­ниш­тето.

Заштитник на сиромашните и неправедно осудените

Во на­род­но­то па­ме­те­ње овој лик ос­та­нал ка­ко заш­тит­ник на пат­ни­ците, по­себ­но на оние што па­ту­ва­ат по вода, но и по тоа што ка­ко за вре­ме на жи­во­тот та­ка и по смрт­та ги по­ма­гал си­ро­маш­ните, ги заш­ти­ту­вал зат­во­ре­ни­ци­те и неп­ра­вед­но осу­де­ните, ги от­ку­пу­вал ро­бо­ви­те и ги пуш­тал на сло­бода.

Имен­ден праз­ну­ваат: Ни­кола, Нино, Ни­ко­лина, Коле…

Во жи­во­тот на на­ши­от чо­век по­себ­но зна­чај­но мес­то има све­ти Ни­ко­ла Мир­ли­кис­ки – Чу­дот­во­рец, ко­го мно­гу се­меј­ства го сме­та­ат за свој до­ма­шен заш­тит­ник и со до­маш­ни служ­би и со мно­гу оби­чаи го праз­ну­ва­ат не­го­ви­от спо­мен. Иа­ко по­ве­ќе се праз­ну­ва де­нот на не­го­во­то упо­ко­ју­ва­ње 19/6 де­кем­ври (праз­ник поз­нат ка­ко зим­ски Св. Ни­ко­ла или Св. Ни­ко­ла – зи­мен), се­пак вни­ма­ние му се по­све­ту­ва и на де­нот на пре­не­су­ва­ње­то на мош­ти­те на све­ти Ни­ко­ла од Мир (во Ли­кија) во Ба­ри (Ита­лија) на 22/9 мај (праз­ник ме­ѓу на­ро­дот поз­нат ка­ко ле­тен Св. Ни­кола).


Од истата категорија