Исплатата на покачените пензии за 5,3 отсто започнува утре, најмногу ќе добијат корисниците на највисока пензија, околу 3.700 денари плус, а пензионерите, со најниски пензии ќе добијат само 700 денари.
– Согласно методологијата и податоците од Државниот завод за статистика, пензијата за месец септември ќе биде зголемена за 5,3 отсто. Ова е второ усогласување за оваа година, во месец март беше зголемена за 8,4 отсто и заедно со 5,3 отсто во септември, изнесува вкупно 13,7 проценти, велат од Министерството за труд и социјална политика.
Во Македонија живеат околу 330.000 пензионери, најголемиот дел од нив, над 97.000 се со пензии до 13.000 денари.