Во Италија утре е прогласен ден на жалост поради жртвите од уривање на надвозникот во Џенова, при што загинаа 38 луѓе, а од 10 до 20 лица се водат како исчезнати.
За утре е предвидена литургија и погребување на жртвите. На церемонијата ќе присуствуваат и претседателот и премиерот на Италија, Серџо Матарела и Џузепе Конте.
Погребната церемонија ќе биде пренесувана во живо на Радио и телевизија на Италија (РАИ).
Надвозникот Моранди, дел од автопатот А10, се урна во вторникот.
Бетонскиот мост Моранди е изграден во 1967 година, висок е 90 метри и долг малку повеќе од еден километар. Најдолгото растојание меѓу два столба е 200 метри. Целиот мост бил реконструиран во 2016 година.