Времето утре во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Управата за хидрометеоролшки работи соопшти дека утринската температура ќе се движи од 12 до 18 степени, а дневната од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе биде 16, а дневната 33 степени.