Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, одобри барање 100 војници на Националната гарда да се стават на располагање на полицијата, за да помогне во заштитата на Капитол доколку е потребно, пред планираниот собир за поддршка на обвинетите за учество во немирите на 6 јануари.
Портпаролот на Пентагон потврди дека ќе бидат ангажирани само војници од Вашингтон и оти ќе се користати откако ќе се искористат локалните, државните и федералните полициски единици.
– Војниците ќе бидат распоредени само на барање на полицијата со цел да помогнат во заштитата на зградите на американскиот Капитол и зградите на канцелариите на Конгресот на влезните места и да ги проверат ингеренциите на поединци кои бараат пристап до објектите, изјави портпарол на американската војска.
Полицијата во Вашингтон завчера соопшти дека побарала од Пентагон да обезбеди трупи на Националната гарда за да помогнат во заштитата на Капитол на 18 септември за време на закажаните протести, доколку е потребно.