Македонија со потпис на овој штетен договор нема да почне преговори со ЕУ, тоа граѓаните на Македонија мора да го знаат!, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хриситјан Мицкоски.
Тој го повика македонскиот народ да излезе пред Владата и да каже „не“ за предлогот.
– Според нашите информации, утре ќе се одржи владината седница на којашто ќе биде прифатен францускиот предлог. Затоа, ја повикувам цела Македонија утре да дојде пред Владата – рече Мицкоски.