Во Тирана утре почнува манифестацијата Недела на Америка посветена на 100-годишнината од воспоставувањето на албанско-американските односи, јави дописничката на МИА од Тирана.
Амбасадорката на САД во оваа земја, Јури Ким преку видео порака рече дека неделата ќе биде проследена со многу настани.
Таа ги повика сите албански граѓани да се придружат на „еднонеделниот празник што ќе се одржи во Тирана, каде ќе има музика, храна и американска забава”. Сите активности ќе бидат отворени за сите граѓани и се бесплатни.
Групата „Touch n’Go” која доаѓа од САД во четврток ќе одржи концерт на плоштадот „Скендербег” во центарот на Тирана, додека во сабота ќе настапи во Скадар.
Според амбасадорката, ќе бидат прикажани и неколку од најпознатите американски филмови, а американска храна ќе има и во „Новиот пазар”.
Во рамки на одбележувањата, попладнево во Тирана допатува поранешниот американски државен секретар Марк Помпео.