Општина Чаир утре официјално ќе го отвори новото издание на традиционалната манифестација „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма посветена на културата, уметноста, традицијата и промоцијата на општествените вредности.
Отворањето на манифестацијата ќе биде одбележано со тридневната програма „Денови на децата“, која ќе се реализира од 1 до 3 јуни во Старата чаршија, на Плоштадот Скендербег и во дворот на Мурат-пашината џамија.
Програмата започнува на 1 јуни во 17:00 часот со дефиле на учениците од основните училишта во Чаир во народни носии и со училишни транспаренти, кое ќе се движи од Зегин низ Старата чаршија до Плоштадот Скендербег. Потоа ќе следува богата културно-уметничка програма со учество на основните училишта, културно-уметничките друштва и детските групи.
Во текот на трите денови граѓаните ќе имаат можност да проследат уметнички настапи, песни, ора, рецитации, драматизации и изложби на ликовни творби од учениците, претворајќи го Чаир во простор исполнет со креативност, култура и младински талент.
Ги покануваме претставниците на медиумите да присуствуваат и да известуваат од отворањето на „Културно лето на Чаир 2026“, како и од активностите предвидени во рамки на програмата „Денови на децата“.




