Изутрината во центарот на Прилеп е пронајден мртов маж на околу 30-годишна возраст. Според Јавното обвинителство во Прилеп на пронајдениот прилепчанец не се констатирани траги на насилство и е наредена обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Според првичните информации од Обвинителството станува збор за прилепчанецот С.И.

– С.И. е пронајден околу 6:15 часот. Бил легнат до клупа во малиот парк зад Музејот „11 Октомври“- Участакот. Нема траги на насилство и ќе се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта на прилепчанецот, вели Мимоза Мрмеска, заменик јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Прилеп.

Полицијата потврди дека е направен увид. Кај нив изутрината пријавила Службата за итна медицинска помош, која само ја констатирала смртта кај прилепчанецот.