Големи долгови почесто се застапени кај лица со ментални здравствени проблеми отколку кај оние кои немаат такви здравствени проблеми. Тоа е нагласено во резултати од најнови истражувања.

Кај луѓето кои имаат проблеми со менталното здравје, големите долгови се 3,5 пати позастапени отколку кај популација без такви здравствени проблеми, според Институтот за пари и мерки за заштита на менталното здравје.

Тој однос е уште посилен кај луѓето со биполарно растројство и депресија, е заклучокот од анализата.

Во случај на пациенти со опсесивно компулсивно нарушување, застапеноста на сериозни проблеми со парите е шестпати повисока отколку кај здравата популација, велат експертите.

Нивните заклучоци се базираат на податоци од студија за ментални болести кај возрасни, вклучувајќи 7.500 луѓе од Англија.

Резултатите покажаа дека околу 1,5 милиони луѓе истовремено се борат со проблеми со менталното здравје и долгови.

Тие укажуваат на заклучок дека секој четврти заболен од депресија е во големи долгови. Во популацијата без такви медицински проблеми, само 20 лица се со долгови.

Институтот нагласува дека симптомите на депресија, како што се ниското расположение и лошата концентрација, можат да влијаат на способноста на луѓето да управуваат со своите финансии.