Предизборната прикриена кампања на власта продолжува и денеска, со промотивни посети на објекти во изградба.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска во ќе извршат увид во текот на активностите на проектот од ТАВ програмата за изградба на фекална канализација во Јурумлери.
На увидот ќе присуствува и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.
По увидот на локацијата, Битиќи, Георгиевски и Батак ќе дадат изјави за медиумите.
Министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот Блерим Беџети денеска ќе го посетат село Раовиќ во општина Сарај.
Бектеши и Беџети ќе извршат увид во активностите на проектот од ТАВ програмата за реконструкцијата на патот Буковиќ – Раовиќ.