Австралиската индустрија за јагоди вредна 160 милиони долари била потресена во септември откако пристигнале речиси 200 пријави од купувачи за пронајдени игли во јагоди и друго овошје.

Австралијанка која во јагодите вметнувала игли изведена е денеска пред суд откако полицијата ден претходно ја уапси и покрена кривична постапка за седум случаи на подметнување игли.

Ми Ут Трин (50) е поранешна вработена на една фарма за јагоди севено од Бризбејн, и според полицијата одмазда или желба некому да наштети бил мотив. Неколку големи синџири супермаркети повлекоа овошје и производителите мораа да уништат големи количини, јавуваат австралиски медиуми. Жената е соочена со затворска казна од 15 години.