Дел со полни ќеси, дел само загледуваат на тезгите со овошје и зеленчук по пазарите. Некои поретко купуваат поради високите цени и ниските плати и пензии, додека пак дел успеваат да си дозволат на трпезата да имаат овојше и зеленчук.

Тоа го забележуваат и продавачите, кои велат дека прометот варира на дневно ниво и заработувачката е отежната.

За да се олесни колку-толку живеачката кај граѓаните и да се зголеми приходот, од Министерството за труд и социјална политика најавија мерки, кои веруваат дека ќе им бидат од помош за граѓаните.

„Во зимскиот период на сите семејства ни се зголемува потребата за повеќе средства во буџетот, затоа што најголем дел се греат на струја. Ние ќе гледаме барем на социјално ранливите семејства, да обезбедиме повеќе приход во семејствата“

Цените на пазарите секојдневно варираат, па така популарно наречената голатпраска, грозјето, кајсиите и доматот се продаваат по цени од околу 100 денари, краставиците од 80 денари, нешто поефтин е компирот кој се продава по цена од 50 денарипиперките се движат од 60 до 120 денари, додека пак во маркетите надминуваат и 150 денари.

Лубеницата се продава за минимум 35 денари кило, додека пак дињите ја надминаа стотката.