Британски судија денеска нареди екстрадиција на францускиот бизнисмен Александер Дежири, кој е осомничен за финансирање на претседателската кампања на Никола Саркози во 2007 година, со пари на поранешниот либиски лидер Муамер Гадафи.
Дезири е баран од Франција поради серија обвиненија, вклучувајќи и за активна корупција на странски службеник, заговор поради погрешно користење јавни средства и за перење пари.
Случајот е поврзан со обвиненијата дека поранешниот француски претседател Саркози примал пари од Гадафи за финансирање на својата кампања за изборите во 2007 година, што тој ги негираше.
– Тие (прекршоци) наводно се направени во околности поврзани со политичката кампања на Никола Саркози, напиша судијката Ванеса Бараитсер во својата пресуда.
Адвокатите на Дежири, кој е уапсен во јануари 2018 година, на лондонскиот аеродром „Хитроу“, се залагаа за негова екстрадиција во Швајцарија, каде што живее, наведувајќи дека тој случај е политички мотивиран.
Саркози, кој беше претседател од 2007 до 2012 година, беше сослушан минатата година во врска со Гадафи.
Откако ја напушти функцијата, тој се соочи со низа истраги за наводна корупција, измама, фаворизирање и неправилности во финансирање на кампањата и притоа ги негираше сите обвиненија.