Организацијата Протест против убиството на Онкологија денеска јавно упати парашање до јавното обвинителство дали и поранешната директорка на клиниката била вмешана во аферата со лековите.
Од Организацијата навеуваат дека имаат информација дека во шемата во којашто пациентите плаќале и до 4.000 евра лек за да добијат потпис од директорот, била инволвирана и поранешна директорка на Клиниката.
– Оваа директорка во минатото добила кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување” поради предизвикана штета на Клиниката за онкологија од неколку милиони евра. Најстрашното е што токму оваа директорка уште работи на Клиниката за Онкологија. Бараме Основното јавно обвинителство на чело со (Љубомир) Јовевски да обзнани дали воопшто истрагата за поранешната директорка резултирала со судска пресуда, како и да се отвори истрага за овие наводи кои пристигнаа до нас – наведуваат од неформалната организација.
Во соопштението за протестот кој ќе се одржи в понеделник пред влада, организаторите на протестот, потсетуваат на ултиматунот даден до Обвинителството.
– Во рок од една недела ОЈО да излезе со детали до каде е истрагата, со цел повторно одредени партиски ликови да не бидат заштитени од кривичен прогон – се вели во соопштението.