Во месноста Пристава, недалеку од Нова Горица, Словенија, в сабота треба да биде отворен музеј на криумчарењето, кој посетителите ќе ги врати во времето на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија, кога луѓето на разни начини вршеа неконтролиран увоз и извоз на стока од државата.
Тогаш, како што јави Танјуг, главна цел на незаконскиот извоз во ова подрачје, била Италија, а најмногу се шверцувале јајца, месо, путер и пијалаци. Словенија пак, главно увезувала италијанско кафе, бибер, ориз и детергент за алишта.
Со цел – избегнување на потребната посебна дозвола, криумарите ги сокривале производите во облеката, во автомобилите, односно секаде каде што сметале дека цариникот нема да провери. Токму за тие методи ќе може да се поднаучи во музејот. Една од специфичностите е „собата за бегство”.
Музејот на шверцот е последниот дел од проектот кој има за цел да ги покаже различните аспекти на животот на словенечко-италијанската граница. Освен овој објект, веќе се отворени и Музеј на железнички станици, музејот Мирен на гробиштата во Мирен и оној на воени контролни пунктови. А, сите четири музеи ги поврзува велосипедска патека и железничка пруга.