Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, инсистира Европа да учествува во разговорите за ставање крај на руската војна во Украина, во пресрет на средбата меѓу лидерите на САД, Русија и Кина, закажана за утре, јавува ДПА.
„Очекувам, и немам причина да се сомневам, дека разговорите за иднината на Украина ќе се водат меѓу Русија и Украина, со учество на Европа“, изјави Вадефул за време на средбата со азербејџанскиот колега, министер за надворешни работи, Џејхун Бајрамов, одржана денеска во Баку.
Вадефул предупреди дека без вклученост на Европа, ќе биде невозможно да се постигне трајно решение кое би спречило избувнување на нов конфликт по завршувањето на војната.
Вадефул ја поздрави претстојната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, кинескиот претседател Шји Џјинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, која ќе се одржи во јужниот кинески град Шенжен.
„Како некој што се занимава со надворешна политика, би рекол дека секој разговор што ќе се одржи е добар“, рече тој, пренесе ДПА.




