Овен

Овновите бегаат од врската веднаш штом ќе им биде здодевно или кога работите не се по нивно.Ова, се разбира, воопшто не е нивна вина, туку вината е на – Хороскопскиот знак!

Бик

Кога ќе најдат доволно стабилен партнер со кој им е удобно, биковите се префрлуваат во состојба на хибернација. На нив им е убаво, но на нивните партнери  веројатно им е многу досадно.

Близнаци

Близнаците ја саботираат секоја своја врска, па дури и кога сè е во ред, како во себе да имаат зол близнак кој намерно создава проблеми. Зошто? Никој не знае.

Рак

Ракот има потреба од внимание и некој кој ќе ги опсипува со љубов и комплименти, а од друга страна, потребно им е време за себе и сакаат сите да ги остават на мир.Се разбира, сето тоа го сакаат одеднаш, што е сосема иритирачко за секој кој има работа со нив.

Лав

Не само што мислат дека нивните идеи се најдобри во светот, Лавовите уште имаат потреба да им наредуваат на луѓето со кои се во врска, мислејќи дека едноставно нема подобра опција од онаа која им се допаѓа на нив.

Девица

Перфекционизмот им е најголема маана, но Девиците тоа си го сметаат за нивна доблест.
Истакнувајќи ги нештата кои не се добри кај партнерот, не е само обичен хоби, тоа е нивниот повик.

Вага

Пристапноста и комуникативноста се толку изразени карактеристики кај луѓето родени во Вага што понекогаш забораваат на лицето со кое се на состанок. Флертуваат во недоглед.

Шкорпија

Шкорпиите мислат дека покажуваат лојалност и безусловна љубов кон својот партнер, а всушност тие се само посесивни, љубоморни и често агресивни.

Стрелец

Нивната сестраност буквално ги влече на сите страни, поради што запоставувањето на партнерот не им е туѓо. Стрелецот, се разбира, воопшто не го гледа проблемот во тоа, бидејќи тој само се грижи за работите кои го интересираат во тој момент.

Јарец

Јарците сакаат да инвестираат во своите цели, но често забораваат да се релаксираат и покажуваат неразбирање кон партнерот кој понекогаш само сака да ужива во животот без притисок.

Водолија

Водолијата сака да ги шармира луѓето и да ги наведе да се заљубат во неа, дури и ако немаат намера да направат ништо повеќе од пријателство. Не мораме да објаснуваме зошто тоа навистина не е добро, нели?

Риба

Рибите делат љубов „со шака и капа“, а кога се во прашање кавгите, тие сакаат да се повлечат и чекаат работите да се решат сами по себе. Затоа тие изгледаат доста досадни за врска – не може секогаш се да биде убавво и весело.