Во текот на изминатите 30 години, многу смарагди се ископани во регионот Свердловск во Русија. Сепак, никој не тежел 1,6 килограми! Реткиот скапоцен камен бил пронајден на територијата на локалитетот Марински.

Марински Приск е единствената локација на смарагди во Русија во регионот Свердловск.

„Ова е најголемиот смарагд пронајден во земјата во последните 30 години – еден чија тежина надмина два килограми беше ископан во 1990 година. После тоа, најголем беше каменот од 1,54 килограми, кој беше пронајден во 2018 година “, се вели во соопштението на локалните власти.

Рударите рекордно големиот камен го пронашле во окно на околу 260 метри.Ова е природен примерок, уникатен не само по големина, туку и во кристална форма. Експертите го ставија смарагдот во втората група по боја (зелена), а поради природните пукнатини, класифициран е во третата категорија”.

Смаралдите се првокласни скапоцени камења кои се во иста група со дијамантите, сафирите и фубините. Во Русија, тие се сметаат како вид валута, без разлика дали се обработени или не.