Речиси и да нема некој Македонец што се уште не ги памети стиховите на песната „Ноќна кралица“ која ја отпеа пејачката Ерзана, пишува порталот „Вистина“
Во 90-тите таа беше една од најпопуларните домашни пејачки, потоа издаде и албум од кој произлегоа уште неколку нејзини хитови.
Спек, животниот пат и љубовта ја однесоа во Америка, каде живее и денес, а од музиката на македонската сцена остана само да се сеќаваме на нејзините песни од тоа време. Таа е горда мајка на нејзиниот 12 годишен син Дориан. Живее во Хартфорд, Конетикат, заедно со нејзиниот сопруг Аријан Превала.
Периодов Ерзана е во Македонија, а со неа се сретна Елена Ристеска која објави заедничка фотографија.