Гугл официјално ја купи апликацијата „Вејз“ пред пет години, но многу од неговите најдобри карактеристики не се интегрирани во нивните мапи.
Тоа вклучува интерактивни детали за сообраќајот, опции за комуникација со возачот, полициски податоци и камери за следење на брзината.
Инженерите на „Гугл“ веќе експериментираат со нова функција која сега е достапна за ограничен број корисници. Таа ни овозможува да видиме дали има поправки на патот.
Информациите се генерираат не само од официјални извори, туку и од самите корисници. „Гугл Мапс“ покажуваат пораки, со кои ги тераат да потврдат дали се уште течат поправки на соодветниот пат и така обезбедуваат максимално актуелни податоци, пренесе „АндроидПолис“.
Популарната услуга за навигација, исто така, ќе нè предупреди за можни сообраќајни несреќи што го одложуваат или оневозможуваат преминот преку одреден дел од градот. Овие функции се дел од „Google Maps v 9.79“.
Во наредните месеци, веројатно ќе видиме повеќе функции на „Вејз“ апликацијата, која ќе стане дел од мапит на „Гугл“.
Новите алатки се корисни бидејќи тие ќе ни олеснат да ја одбереме вистинската рута за саканата локација. Идејата на компанијата е колку се поголеми градовите, толку повеќе луѓе помагаат во изборот на најсовремени информации на патот. Во овој момент, ова се сите детали со кои располагаме за подобрувањата во новата верзија на „Гугл Мапс“.