Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.830 дози вакцини, од кои 638 како прва доза, 1.472 се ревакцини, а 4.720 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 22 октомври вкупно се вакцинирани 801.326 граѓани, ревакцинирани се 769.356, а трета доза примиле 10.386 граѓани.
Како што информираат од Министерството за здравство, 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 осто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.