Едно лице е повредено од огнено оружје во пределот на десната потколеница попладнево во скопската општина Чаир.
Случајот во полиција бил пријавен денеска во 17:45 часот. Пукањето, според првичните податоци на полицијата, се случило на ул.„Лазо Трповски“ во општина Чаир, а станува збор за лицето В.Б. (40) од Скопје.
Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н..
Лицето В.Б е пренесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“.
Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.
Одредени медиуми вечерва пишуваат дека станува збор за економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља, кој пред неколку месеци беше поставен на функцијата од редовите на ДУИ.
Инаку, Беља прв пат се појавува на политичката сцена со невладината организација Реалитети а подоцна и како лидер на партијата Албански Сојуз во 2010 година кога за регионални медиуми порачува дека целта на неговата партија е да ја подели Македонија на три кантони- еден македонски, еден албански и еден мешовит кантон. Подоцна оваа партија се спојува со ДПА на Мендух Тачи каде Беља ја добива потпретседателската функција.
По крајот на неговата кариера во ДПА, Беља беше претепан во Кондово по што заврши на Ургентниот центар.