Тинејџерот Ансу Фати се справува неверојатно во екипата на Барселона и синоќа блесна со гол и асистенција во победата над Валенсија (5-2) на „Камп Ноу“, со што стана најмладиот фудбалер во историјата на Ла Лига со вакво достигнување.
Тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде не криеше дека 16-годишниот талент импресионира со неговиот настап, но истакна дека тој не треба да се споредува со Лионел Меси.
– Фати е исклучително концентрирани и игра многу добро. Не е вообичаено фудбалер да постигне гол со речиси првиот допир, со вториот да направи асистенција, а со третиос речиси да реализира погодок. Ако продолжи да го прави истото, тој ќе биде многу корисен за тимот во иднина. Иако дебитираше многу млад, Ансу успева да покаже што знае. Не ми е грижа за споредбите меѓу него и Меси. Тоа само може да му наштети. Не сакаме да создадеме вишок очекувања околу него, што потоа ќе пукнат како меур, објасни тренерот на Барса.