Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк беше избран како број еден играч во англиската Премиер лига оваа сезона.

Холанѓанецот беше избран од неговите колеги и е уште еден фудбалер на клубот од Мерсисајд, кој го освои трофејот по Мохамед Салах минатата сезона.

Ван Дајк доби околу 56 отсто од гласовите, а во првите 3 се најдоа и Рахим Стирлинг (26%) и Хун-мин Сон (7%).

Во меѓувреме, четири играчи на Ливерпул се најдоа во идеалниот тим на годината – Вирџил ван Дијк, Ендру Робертсон, Садио Мане и Трент Александар-Арнолд.