Поранешниот тренер на Барселона, Луис ван Гал во интервју за шпански „Ел Паис“ изненадувачки ги нападна едни од најдобрите играчи на денешницата, Лионел Меси и Нејмар.
– Видете ја Барселона. Колку ЛШ освои Барса со оној, кој велат дека е најдобар? Видете го и Нејмар. Колку Шампионски лиги освои? Нејмар и Меси ми се допаѓаат како индивидуалци, но не и како тимски фудбалери. Мислам дека во фудбалот нема поважно нешто од тимски фудбалер, изјави холандскиот стручњак.
Според него, Меси треба да се запраша зошто толку време не ја освоил Лигата на Шампионите.
– Тој е најдобар индивидуален играч во светот, бидејќи статистиката му е вонземјанска. Зошто не ја освоил ЛШ од пет години? (всушност четири) Зошто? Како капитен треба да биде прашан. Барса има прекрасен состав. Не може да се каже дека Ракитиќ е слаб, дека Кутињо е слаб, дека Алба е слаб или дека Тер Штеген, Артур или Видал се слаби … Мислам дека Меси исто така е одговорен за она што се случува во Барселона, смета тренерот.