Македонци, ќе ве убиеме, Албанија – Косово, Голема Албанија и други антимакедонски пораки се испишани на мостот Око во строгиот центар на Скопје.
– Синоќа е вандализиран мостот пред Археолошкиот музеј со антимакедонски пораки. Пак ли со досадниот филм „или уставни измени или меѓуетнички тензии“? Е, овде, ако нема камери и треба еден месец да се бара сторителот, да ставиме клуч на државава, објави водителот Богдан Илиевски на својот профил на Фејсбук.
Засега не се знае кој стои зад овој вандализам и антимакедонски пораки. Инаку, МВР дури вчера откри дека лицето кое го вееше знамето на тн. голема Албанија во Тетово при посетата на косовскиот премиер Аљбин Курти, е германски државјанин и има 21 година.
На МВР и министерот Оливер Спасовски им беше потребно цел месец да го утврдат идентитетот на лицето кое го имаа и на фотографии и на видео снимки.