Споменикот на поранешниот лидер на Етиопија, Хајле Селасие, кој е лоциран во паркот во Вимблдон, е уништен, соопшти денеска лондонската полиција.
Инцидентот се случил во вторникот вечерта, а полицијата го истражува случајот.
Се претпоставува дека инцидентот е поврзан со убиството на популарниот етиописки пејач Хачалу Хундес. Тој е убиен на почетокот од недела, а поради неговата смрт во Етиопија беа организирани протести, при што се приведени 81 лице.
Селасие во 1936 година живеел во егзил во Лондон, по инвазијаа на Италија врз Етиопија.