Се уште официјално неотворен, Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров во Благоевград, вчера беше предмет на вандализам од страна на непознат сторител/и на кого му смета се што е Македонско во Република Бугарија. Како што ни јавија нашите пријатели од Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права, во текот на вчерашниот ден беше извадена буквата М од насловот на Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров, информираат од НОВ АСНОМ.
-Овој чин на вандализам е напад на меѓуетничката толеранција во Европска Бугарија чија влада не ги осудувува ваквите акти на меѓуетничка нетрпеливост и со самото тоа се става на страната на чинителите на ваковиот вандалски чин.
Од друга страна, нашата валада, мирно и кротко си молчи на агресивната етничка нетрпеливост манифестирана против Македонците во Бугарија, ефективно спроведувајќи го Бугарскиот Догвор, точката 11 алинеја 5 од истиот. Со тоа, владата на земјата чие име Северна го мразиме, се става на страната на тие што ја подгреваат етничката нетрпеливост во Бугарија.
Нов Асном смета дека негувањето на врските со нашите роднини и пријатели од Пиринска Македонија како и нивно помагање е единственото решение во услови кога нашиот идентитет е нападнат по сите основи од Република Бугарија, додаваат од НОВ АСНОМ.