Денеска се одиграа сите шест натпревари од 4.коло во ПМФЛ. Воска во Скопје славеше со 1:3 на гостувањето кај Вардар. Ибраими, автогол на Мециновиќ и прекрасниот гол на Јахја беа пресудни тимот од Охрид да слави убедлива победа, апсолутно заслужена, против тимот на Вардар. Голот за вардарци беше дело на Шаркоски.
Струга ТЛ им се врати на победите. Јевтоски и Кехинде погодија за 2:0 проив Брера. Ова е трет пораз во серија за струмичани.
Шкендија под Шара со головите на Цаке и Крстевски успеа да го победи Пелистер, па така тетовци и по ова коло се лидери на табелата во нашата елитна лига.
Во Гостивар екипите на Беса и Работнички одиграа 0:0. Гостите од Скопје го продолжија трендот на позитивни резултати, сега по 4.коло имаат 8 бодови, секако дека ова е голем успех за тимот на тренерот Горан Станиќ.
Исто без голови се играше и во Кавадарци, каде Тиквеш иако посакуваше три бода против Гостивар, сепак не успеа да ја начне мрежата на гостите. Свое деби на голот на Тиквеш имаше Ристе Јанков.
Силекс по многу борба успеа да го победи Шкупи со 2:1. Ефтимов и Ѓорѓиевски донесоа 2:0, за да Имери намали на 2:1. Гостите преку Ибиши не реализираа пенал, голманот Џеков одбрани.