ЕУ повеќе нема време за губење а ниту интерес да ги остави Македонија и Албанија повторно во чекалницата во јуни, порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Софија. Тој изјави дека е крајно разочаран што и по две години се уште се се тапка во место, затоа на средбите со бугарскиот државен врв, Вархеји кажа дека ќе се обиде да го откочи процесот за да има резултати до јуни.
Оливер Вархеји еврокомесар за проширување – Тоа е пораката која повторно ја носам во Софија, бев овде пред три недели и ќе ми биде мило да доаѓам колку што е потребно за да го покренеме ова и да го завршиме во јуни оваа година. Затоа што војната ни покажа дека немаме време за губење. Не само време, туку немаме ниту интерес за губење повеќе време околу ова.