Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји вечерва телефонски разговарал со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Теми, како што објави Вархеји на Твитер, биле здравствените, политичките и економските случувања во Македонија и за состојбата со Ковид 19.
– Вечерва разговарав со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за да ја нагласиме важноста за слободни, фер и инклузивни избори во С. Македонија, земајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19, како и потребата од ефикасни мерки за економско закрепнување, напиша Вархеји на Твитер.
Освен објавениот кус твит, Вархеји не открива повеќе детали од разговорите со Заев и Мицкоски.