Агенти на ФБИ барале документи поврзани со темата – нуклеарно оружје, за време на претресот на домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида, објави Вашингтон пост. Не е познато дали такви документи се пронајдени во Палм Бич, каде се наоѓа куќата на Доналд Трамп, пишува Вашингтон пост.
Министерството за правда побара од истражниот судија да издаде налог со кој се овластува претрес во викендицата на Трамп, за јавноста да дознае повеќе за тоа што точно бараат истражителите при досега невидениот претрес на домот на поранешниот претседател. Трамп ги нарече настаните во Флорида оваа недела политичка одмазда.
Пристигнувањето на истражителите на Флорида е дел од истрагата што се обидува да утврди дали Трамп незаконски отстранил документи од Белата куќа кога ја напуштил функцијата во јануари 2021 година.
Државниот обвинител Мерик Гарланд рече дека тој лично ја одобрил одлуката да се нареди претрес.
– Министерството не носи лесно такви одлуки. Секогаш кога е можно, практиката е да се користат помалку наметливи средства за истрага и да се стесни нејзиниот опсег, рече Гарланд.
Неговата потврда е невообичаена, имајќи предвид дека американското Министерство за правда вообичаено не разговара за тековните истраги. Но, во овој случај, Трамп во понеделникот вечерта објави дека се претресува неговиот дом.