Десетгодишната мисија на американската армија во борбата против групата Исламска држава во Ирак ќе заврши идната година и ќе премине од меѓународна коалиција во билатерално одбранбено партнерство меѓу Вашингтон и Багдад, потврдија официјални претставници на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден.
Овој потег следи 10 години откако САД формираа заедничка работна група, велејќи дека таа е потребна за да се победи остатокот од групата, која некогаш владеела со речиси осум милиони луѓе кои живееле на повеќе од 100.000 квадратни километри територија во Ирак и Сирија, пишува „Вашингтон тајмс“.
Ирачките владини претставници претходно овој месец соопштија дека американската воена мисија ќе биде значително намалена до 2026 година и дека мал број нејзини сили ќе останат во регионот Курдистан во Ирак.
САД имаат околу 2.500 војници во Ирак кои ги советуваат и помагаат ирачките безбедносни сили во нивната кампања против ИСИС.