Наредните 11 недели би можеле да бидат најнапнатите во политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, „која до сега личеше на циркус“, оценува „Вашингтон пост“.
Во тие 11 недели, за кои „Пост“ наведува дека би можеле да бидат најнапнатиот период од владеењето на американскиот претседател, Трамп го очекуваат бројни предизвици, меѓу кои првиот е – случајот против неговиот поранешен адвокат, Мајкл Коен.
Федералните власти истражуваа дали Коен ја измамил банката и даночната служба и земал заеми од повеќе од 20 милиони долари за компанијата за такси превоз во негова сопственот и на неговото семјство и проверуваа дали ги прекршил законите за финансирање на кампањата или некои други кога помогнал да се направи договор со кој би се платило молчењето на жените кои тврделе дека имале афера со Трамп.
Коен вчера се изјасни за виновен за кршење на законот за финансирање на кампањи и други обвиненија, наведувајќи дека по налог на канидадот за федерална позиција организирал исплати со кои се влијалео врз претседателските избори во 2016 година. Коен, кој претходно се спогоди со федералните обвинители за признавање вина, се изјаснил за виновен за осум точки од обвинението.
Но, пред Трамп се и други предизвици. Пол Манафорт, неговиот поранешен шеф на кампањата се соочува со две судења, а еден е директно поврзан со неговата работа во земји од бившиот СССР и со начините на кои тие активности влијаеле на неговата работа во кампањата на Трамп.
Специјалниот советник Роберт Мјулер би можел наскоро да изнесе нови обвиненија или дури и да го објави конечниот извештај од истрагата за руското мешање во кампањата на Трамп.
Неговата бивша советничка, Омароса Маниго Њуман ќе продолжи да објавува снимки од разговорите со луѓето во Белата куќа. Наскоро ќе почне и сослушување за именувањето на Брет Каваноа како судија на Врховниот суд…
Тоа се само некои работи кои наскоро ќе се случат, а постојат и непредвидливи последици кои можат да го предизвикаат однесувањето на Трамп, констатира „Вашингтон пост“.
Неговата трговска војна со другите држави до сега предизвикуваше само загубени работни места и несигурност, а можни се и нови меѓународни кризи и конфликти со американските сојузници.
Кулиминација на оваа претстојна напнатост се изборите за Конгресот во ноември, зашто ако тогаш демократите ја преземат контролата, тогаш се можни и нови истраги за скандали на Трамп.