Министерството за правосудство на САД негира дека бил планиран договор за испорачување на противникот на Ердоган, па со тоа да влијаат на турскиот претседател да попушти во истрагата за убиството на саудискиот новинар во Истанбул.
Ен-Би-Си во четвртокот објави дека администрацијата на Доналд Трамп бара начин за испорачување на исламскиот клерик Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за неуспешниот државен удар во 2016-та, за да го одоброволат турскиот претседател Реџеп Таипп Ердоган.
Ен-Би-Си наведе дека со тоа се сака да се влијае Ердоган да го смали притисокот врз Саудиска Арабија поради убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул.
Портпаролката на американското Министерство за правосудство, Никол Навас Оксман, вчера ги отфрли наводите на Ен-Би-Си, додавајќи дека министерството „не е вклучено ниту пак знае за разговорите“ поврзани со испорачување на Ѓулен и смртта на Кашоги.
Демантирањето е невообичаено за министерство за правосидство, кое обично не коментира предмети кои се однесуваат на потенцијални изпорачувања.
Според Ен-Би-Си, службеници на администрацијата на Трамп го насочиле министерството и ФБИ да го пресипитаат турското барање за депортирање на Ѓулен, и дека барале од министерството информации за правниот статус на Ѓулен.
Службеник од Белата куќа, кој одбил да биде именуван, во четвртокот исто така ги отфрлил наводите на Ен-Би-Си. Рекол дека „не бил вклучен во разговори поврзани со испораката на Ѓулен и смртта на Кашоги“.