„САД не се вклучени на кој било начин. Секое тврдење за спротивното е апсурдно“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
САД го оценија како „апсурдно“ секое навестување дека САД или Израел биле вмешани во нападот извршен денеска во Иран во близина на гробот на иранскиот генерал Касем Сулејмани и дадоа гаранции дека ниту една земја „нема интерес да ескалира“ ситуацијата во регионот. .
„САД не се вклучени на кој било начин. Секое тврдење за спротивното е апсурдно“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Тој додаде дека САД „немаат причина да веруваат дека Израел бил вклучен во таа експлозија“ и изрази жалење за загинатите цивили.
Милер не прецизираше на кого се мисли кога го кажа тоа, само рече дека видел „обвиненија кои кружат“ и рече дека нема „независни“ информации за нападот во Иран.
Најмалку 103 лица загинаа денеска, а повеќе од 141 се ранети во две експлозии во Керман во денот кога се одбележува четвртата годишнина од неговото убиство.