Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ денеска изјави дека до 2025 година ќе биде готова брзата пруга Белград-Будимпешта и дека ќе бидат потребни три часа за да се патува до главниот град на Унгарија.
Тој истакна дека во моментов се работи на брзата пруга Белград-Ниш.
„Кога ќе заврши таа делница, ќе бидат потребни 100 минути да се патува од Белград до Ниш“, изјави Весиќ за белградски медиуми, пренесе Бета.
Министерот посочи и дека е потпишан меморандум со Македонија, со што двете земји заеднички ќе аплицираат до ЕУ за средства за изградба на дел од брзата пруга Ниш – Скопје.
„Кога ќе биде готово, ќе бидат потребни и три часа да се патува од Скопје до Белград. Тоа драматично ќе ги промени животите на граѓаните“, рече Весиќ.