Демант од Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ:
Во однос на објавенот текст на српскиот политичко-православен портал „Стање Ствари“.
Со наслов „Срби су братски народ, пројекат македонске цркве није заживео“

Во ерата на лажни вести и медиумски извртувања на зборовите, најостро ги демантирам ставовите кои ми се прикачуваат, а во врска со наводно интервју за српски медиум.
Веднаш укажувам дека не се работи за интервју, туку за слободен разговор, академско толкување на состојбите на Балканот, а во врска со барањата кон Македонија и Македонците од соседите на Република Македонија и во корелација со ткн. Тиранска платформа, Преспанскиот договор, Договорот со Софија и црковниот спор СПЦ- МПЦ.
Српскиот медиум објавува нецелосни ставови, надвор од контекстот на искажаните реченици. Всушност, српскиот портал прави целосно извртување на изнесени ставови од академско толкување, ставови кои што не ги задираат македонско- албанските односи.
Тоа што не е пренесено е ставот дека не сите соседи на државата се согласуваат на бришењето на македонскиот народ, идентитет, посебност и унитарна држава, потоа дека се работи за академско толкување на идни раздвижувања на светските сили предизвикани од можна федерализација на државата, што не би било можно без воено насилство.
Не се пренесени и целосно се извртени и толкување на црковниот спор, при што целосно е лажно пренесен ставот кој што се однесува на заживувањето на ткн. Црква на Вранишковски, а не на Македонската православна црква.
Демант и барање за извинување е испратено и до српскиот медиум, особено што предизвика лавина од лажни вести и толкувања во Македонија.
Убедена сум дека преку моите медиумски настапи, граѓаните во Македонија се запознаени со моите ставови и нема да потпаднат во виорот на манипулациите и злоупотребите кои се базираат неавторизираното интервју.