Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска од Брисел денеска слета во Охрид од каде што се јави на Фејсбук:

– Охрид може да му дава политички кислород на целиот регион, беше речено на #OhridDialogue. Работиме на #BalkansForward, објави Шекеринска.

Таа вчера се пофали дека била прва кој влегла во просториите во Брисел, наменети за „30-та членка на НАТО“, а во денешната нејзина понудата на менито е политички кислород од Охрид.

Инаку, во Охрид, добро е познато дека и неполитизираниот кислород е добар. И за викенд и во работна сабота.