Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на Канал 5 телевизија во емисијата „Само вистина“ истакна дека власта хистерично се обидува да ја убеди целокупната јавност дека ние сме ја заслужиле Европската Унија и дека сме ги исполниле критериумите и дека има само непринципиелни барања или издвојувања како овие на Франција, но, спореднеа, тоа е далеку од реалноста.
-Резултатите на дело покажуваат дека од сите можни сегменти кои можат да се зафатат, а ги претставува извршната власт се навлезени во криминал или во сериозни коруптивни дејствија и се далеку од нешто што претставува можност да се влезе во датум или во преговарачки процес кој што ќе ја донесе Република Македонија внатре во европското семејство, вели Василевска.
Таа исто така вели дека не постои лојален граѓанин кој што не сака да се случи влез во ЕУ.
Како ВМРО-ДПМНЕ цело време апелиравме во европските институции и бевме позитивен фактор, но не допуштивме да бидеме ставени во корелација со дволичната игра на актуелната власт која затскривајќи се зад паролите изврши грабеж врз македонската држава и ги стави македонските граѓани во ситуација на безидејност“, истакна таа.
-Наивно е да се верува сериозно во датум, и тоа и да се случи е позитивно за Македонија и ние искрено го посакуваме тоа, но не верувам дека тоа е возможно, додаде Василевска.