Министерот за надворешни работи Никола Димитров по завршувањето на денешниот состанок на министрите на Европската унија, кои не ја донесоа очекуваната одлука за почнување на преговори со Македонија, се послужи со филозофска мисла од Жан Пол Сартр.

– Само тој што не весла има време да го ниша чамецот, го цитираше Сартр министерот Димитров.

А ланската година, без Сартр, се „заниша“ авионот (на фотографијата долу) од веста која пристигнала во воздух за датумот за преговори што Македонија го доби(ла) од ЕУ.