Папата Франциско ја прифати оставката од кардиналот Доналд Верл од местото надбискуп на Вашингтон, откако тој ја изгуби поддршката од голем број луѓе во својата заедница поради вмешаност во два големи скандала со сексуално злоставување и забошотување на злосторството.
Во соопштението од Ватикан се наведува дека папата Франциско ја прифати оставката на Верл, но не наведе кој ќе го замени.
Верл (77), кој беше надбискуп на Питсбург од 1988 до 2006 година критикуван е поради начинот на кој постапуваше во случаите на сексуално злоставување.
Тој ќе ја задржи титулата кардинал.