Европската комисија и шефот на Европската народна партија (ЕПП) ги осудија апсењата во Грција на тројца новинари од весникот „Филефтерос“.
Новинарите беа уапсени на 23 септември по пријава на министерот за одбрана Панос Каменос за статија посветена на наводни злоупотреби на европски фондови за миграција. Против новинарите е поднесена тужба за клевета.
Првиот човек на Европската народна партија (ЕПП) и кандидат за претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, апсењето го нарече „застрашувачко“ и „спротивно на европските вредности“.
– Слободата на медиумите е еден од основните столбови на демократијата и треба да биде почитувана и негувана од сите, напиша Вебер на Твитер.
Европската комисија иако не сакаше да го коментира случајот додека не добие повеќе информации, потсети дека слободата на медиумите е „света“ за ЕУ.
– Нема демократија без слободни медиуми, изјави портпаролката на Еврокомисијата. Мина Андреева.