Се врти видео на порталите и социјалните мрежи дека Сашо Мијалков со Ферари од 700.000 евра е во Монте Карло… Да видиш, и да не веруваш, пишува Вечер.мк. Не е познато дали Обвинителството и судството читаат портали или работат само “по допрен глас“ на “невладините организации“ кога некој противник на СДСМ и ДУИ ќе биде маркиран, посочува порталот.
Лицето Сашо Мијалков, поранашен директор на УБК, обвинет за низа кривични дела во моментов е на издржување затворска казна за случајот “Империја“, или перење пари и слично, осуден на три години затвор по признание на вина и со спогодба со Обвинителството.
Казната затвор почна со издржување во затворот во Струга, а според информации од Струга казната, во суштина, божем во затвор е поминувана надвор од затворот. Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука да има 4 месеци условен отпуст активен од 25 декември 2024 година, по жалба, Апелационит суд на 23. Мај 2024 го зголемува условниот отпуст на 11 месеци и можност да излезе од затвор и остатаокот од казната да ја издржува на слобода.
“Осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година“.
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Порталот Независен пак пишува:
Додека во Македонија се водат дебати за тоа како избега Артан Груби, а САД го ставија на црна листа него и апелацискиот судија Енвер Беџети поради корупција поврзана со случаите на Сашо Мијалков, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање е снимен како излегува од луксузно црвено „ферари“ во Монте Карло, Монако. „Ферарито“ има регистрација на Монако. Во Монако студираше неговиот син Јордан, кој сега главно ги води бизнисите на семејството во Македонија. Видеото го објави порталот Скопје1.
Според деталите што можат да се видат на снимката тој влегува во луксузниот ресторан „Луј 15“ на славниот готвач Ален Дукас, со три Мишелин ѕвезди. Ресторанот е во хотелот „Париз“. Просечната цена на оброк во овој познат ресторан во гастрономскиот свет е околу 250 евра. Ресторанот „Луј 15“ е еден од најпрестижните во Монако. Во објаснувањето за понудата се вели дека секоја чинија со храна била посебна уметност.