Најмалку пет луѓе од српското подемје купиле земјиште во Македонија за да одгледуваат канабис за медицински потреби, тврди белградскиот весник Вечерње новости.
Контроверзен бизнисмен вложил десетици милиони евра во насади, пишува српскиот весник.
Кога премиерот на Македонија, Зоран Заев пред нешто повеќе од година дена (април 2018), ги повика сите кои имаат пари да вложат во производство на лек од канабис, затоа што тоа е профитибилно, први дојдоа српските криминалци. Најмалку пет луѓе од подземјето, што со директно купување, што преку партнерство со македонските „колеги“, станаа сопственици на плодни полиња со коноп, во оваа држава, пишува весникот.
Но, не само крупните криминалци се имаат одлучено за овој нов вид на „работење”, туку и луѓе чиј бизнис во Србија бил секогаш на раб од законот. Меѓународните организирани криминални групи, како последниот пример од Македонија, и покрај хуманитарната намера на тие кои ги пишуваат прописите, тие први реагираат на импулсот на пазарот, пишува „Новости“.
Еден контроверзен бизнисмен од Србија досега вложил неколку десетици милиони евра во тие насади, вели извор на „Новости“ близок на разузнавачките служби.
Најпрвин со македонски партнер купил земја, потоа ја обработиле како треба, но обезбедиле и жица и капија. Имаат и 24 часовно обезбедување, што е еден од законските услови. Направено е и вештачко наводнување, и заштита од временски непогоди.
Не е само тој човек од Белград кој вложил пари за производство на канабис. По неговите стапки тргнале и нарко босовите кои се зад решетки. Додека на вистинските бизнисмени им требаше време да реагираат на новите потреби на пазарот, луѓето од другата страна на законот, внимателно ги следеа медиумите, особено кога станува збор за промена на прописите за легализација на марихуаната во медицински цели.
Со закон во Македонија е дозволено одгледување на канабис за медицински цели и правење ле к и до сега се издадени осум лиценци, а уште четири или пет се во процедура, порачаа од северномакедонската влада (така не нарекуваат Србите). Заев изјавил дека лично ги поддржува ваквите бизниси. Имено од производство на лекови од канабис државата очекува нови работни места и годишно најмалку 100 милиони евра прилив, што е 0,1% од БДП.
Компаниите кои се занимаваат со овој бизнис, почнале да го извезуваат и сушениот цвет од канабистот за преработка на масло на пазарите во Полска и Германија. Низ цела Македонија, но и Хрватска (е легализирано производството, освен плантажи со кан абис, изградени се и стакленици каде се одгледува оваа билка. Македонците најчесто во тие бизниси влегуваат заедно со српски државјани, но ги има и од Словенија, кои поседуваат фабрики за производство на лекови од канабис во Германија и Полска. Во последно време се заинтересирани и црногорски државјани кои се поврзуваат со трговијата со дрога.
Тие кои не можат да регистрираат вакви компании во Македонија, бидејќи имаат досие и се осудувани, за бизнис партнери избираат „чисти“ државјани од оваа земја. Тие вложуваат само пари, а на таков начин купуваат и „чисто” потекло на нивните пари, вели изворот на „Вечерње новости“.
Сепак, новиот бизнис на српските криминалци, но и тие од регионот, будно ги следат и службите за безбедност. Тешко е да се помисли дека ќе се задржат само на легално одгледување и продажба. Наркотиците на црно и понатаму се најисплатливи.
Следиме се што се случува, посебно движењето на парите – предупредуваат лицата од службите за безбедност за белградскиот дневен весник.