Штипското културно лето вечерва почнува со свечено отворање во Уметничката галерија „Безистен“, со операта „Боеми“ од Џакомо Пучини во изведба на оперскиот ансамбал од хрватскиот град Осијек.
Кирил Панајотов, совеник за јавни дејности во Општина Штип нагласи дека во наредниот месец штипјани ќе можат да проследат 26 содржини во рамките на Штипско културно лето.
– Овогодинешната манифестација ќе ја отвориме со операта „Боеми“, односно ни гостуваат оперскиот состав „
Традиционално ќе се одржи и музичкиот хепенинг на Вртешка, на планината Плачковица. Панајотов забележува дека најголем дел од содржините на Штипско културно лето ќе се одржууваат на сцената на Дом на млади. Ова е 34-то издание на Штипско културно лето, додека Општина Штип го организира веќе 14 години.