Општинскиот противпожарен сојуз од Гевгелија денеска на граѓани им делеше флаери со информации за превентивните мерки што треба да се применуваат за време на престојот во шума.

Членови на Противпожарниот сојуз претпладнево од 9 до 12 часот, во придружба на претставници од шумското стопанство „Кожуф“, шумската полиција и од полициската станица во Гевгелија ги делеа флаерите во близина на селото Ново Конско, односно на возачи кои се движеа по регионалниот пат од Гевгелија кон Смрдлива вода.

– Посебно предупредуваме да не се пали оган на отворен простор, да не се пали непотребна вегетација во близина на шумите, да се отстранува вегетацијата покрај јавните патишта и да не им се дозволува на децата да си играат со запалки, велат од Општинскиот противпожарен сојуз.

Денешната акција се реализира и со поддршка од општина Гевгелија.